Во вторник во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра

Во вторник, во Будимпешта, ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој ќе обезбеди поддршка за македонскиот бизнис-сектор и општинските проекти.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го најави своето патување за Будимпешта, каде што ќе се официјализира овој договор. Таа очекува средствата да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо започнување на реализацијата на проектите. Министерката истакна дека средствата од кредитот од Унгарската експорт-импорт банка треба да бидат уплатени до крајот на неделата.

Ова финансирање е резултат на договорот што премиерот Христијан Мицкоски го постигна со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на самитот на НАТО во Вашингтон.

Пронајдете не на следниве мрежи: