Во Германија повеќе од 11.000 новозаболени во последните 24 часа

Во Германија во последните 24 часа потврдени се 11.409 нови случаеви на коронавирусот, а починале 42 лица, соопти Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Со оваа бројка, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата порасна на 449.275, починале вкупно 10.098 лица, пренесува Тајнуг.

Да потсетиме, германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот предупреди дека ситуацијата во Германија е опасна, актуелните мерки против ширењето на коронавирусот не се деволни и дека постои опасност од преоптеретување на интензивните одделенија во болниците.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: