Во еден ден казнети 240 пешаци кои поминале улица на црвено или надвор од пешачки премин

Во еден ден казнети 240 пешаци кои поминале улица на црвено или надвор од пешачки преминОбјавено пред 3 минути – 13 февруари, 2022Од Макфакс
Санционирани се 240 пешаци за време на акциската контрола што вчера ја спроведе полицијата на територијата на целата држава.
Од нив 196 биле затекнати дека небезбедно преминуваат улица надвор од пешачки премин, а 31 минале на црвено светло. Само во Скопје изречени биле 85 санкции, 65 во Тетово, 29 во Битола.
За време на контролата регистрирани се и 127 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.