Во експлозијата на ракета за огномет пред самиот влез во црквата во место на 145 километри од главниот град на Мексико загинаа најмалку осум, а повредени се педесетина лица. Експлозијата се случила рано в зори пред црквата во местото Текискипан во државата Кверетаро , каде жителите традиционално организираат процесија.
,,Нешто се расипа и експлодира” , изјавил шефот на итната служба , додавајќи дека меѓу загинатите има и две момчиња на возраст од 11 и 12 години.