Сиљановска: Го поздравувам почетокот на преговорите на Украина со ЕУ

Многу сум задоволна од денешниот ден, постојано зборуваме дека дојде време за акција и конкретни дела. Европа се соочува со сериозни економкси и безбедносни предизвици, војна има на европско тло, свесни сме дека постои замор од проширувањето но постои уште поголем замор од чекањето, затоа, ги охрабрувам европските партнери да останат доследни, кредибилни и принципиелни кон европската идеја, истакна на денешната прес-конференција претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

– Таа визија ни помага на европски начин да го затвораме билатералните прашања, вели Сиљановска која додава дека добрососедските односи се гладат со меѓусебна почит и достоинство.

– За мене исклучително важно е членките на ЕУ од регионот да ги поддржат сите учесници кои не се членки на ЕУ на нашиот европски пат, особено во споделување на добрите практики и искуствата во овие процеси, вели Сиљановска која додава дека проширувањето е влог во мирот, стабилноста, просперитетот, затоа процесот на пристапување мора да се заснова на меритократија и реформи.

– Ја поздравувам одлуката за отворање на пристапните проговори на Киев, Кишињев и Сараево, вели Сињановска која вели дека безбедносните закани ов регионот можат лесно да имаат домино ефект и дека сите имаме заедничка одговорност во зачувувањето на мирот и почитувањето на меѓународното право.

Сиљановска посвети дел од говорот и на економските прашања, каде нагласи дека треба да се заврза зелената и дигиталната транзиција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.