Фановите на РК Вардар се собраа пред СЦ Јане Сандански.
Црвено-црните херои денеска слетуваат на скопскиот аеродром. Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!
Со повик за пречек се јави и навивачката група Комити.
-Во кратки црти за Пречекот на Хероите и Парадата на Гордоста ДЕНЕС:
– Собир: 17:00ч. пред сала Јане Сандански!
– ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ КОИ НЕМААТ СОПСТВЕНИ ВОЗИЛА!
– ГРАТИС СКОПСКО ПИВО – На Собир пред сала за сите !!!
– НОЌНИ ВОЛЦИ ќе го предводат конвојот !!!
– ЗАЕДНИЧКО ПОАЃАЊЕ: околу 17:30ч.
– Авионот со Шампионите пристигнува околу 18:30ч.
– По кратката дружба на Аеродромот заедно се упатуваме со ИЛЈАДНО ДЕФИЛЕ од автомобили, автобуси, мотори, кон СТО ИЛЈАДЕН ПРЕЧЕК КОН ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА !!!
МОБИЛИЗАЦИЈА ЦРВЕНО-ЦРНА АРМИЈО !!!