Во земјотресите во Албанија повредени повеќе од 100 луѓе

Албанија синоќа беше погодена од два земјотреса со јачина од 5,6 степени и 5,3 степени според Рихтер. Епицантарот на земјотресите бил во Јадранското Море на длабочина од 10 километри.
Во силниот земјотрес кој синоќа ја погоди Албанија повредени се најмалку 105 лица, покажуваат податоците изнесени на вонредната седница на албанската Влада одржана на полноќ. Оштетени се повеќе од 290 куќи, а на 20 станбени згради се појавиле пукнатини, пренесе агенцијата АТА.
На владината вонредна седница било одлучено полицијата да биде во висок степен на приправност за да ја контролира состојбата по земјотресот кој предизвика паника меѓу населението. Потресот најмногу е почувствуван во Тирана и Драч, а сите повредени лица се згрижени во тамошните болници.
Во текот на ноќта во реонот на Јадранското Море се забележани повеќе од 60 мали потреси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.