Во земјотресот што ги погоди Турција и Грција загинаа најмалку 26 луѓе, а над 800 се повредени

Во силниот земјотрес што вчера ги погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос, загинаа најмалку 26 лица, а над 800 беа повредени.
Спасувачките екипи пробиваат бетонски блокови од урнати згради во потрага по преживеани во Измир, третиот по големина град во Турција, кој беше најмногу погоден од земјотресот.
По првиот, најсилен земјотрес од речиси седум степени, следеа околу сто помали, од кои најмалку 16 беа посилни од четири степени, а таа област ја зафати „мало цунами“.
Најмалку 24 лица загинаа во Измир, вклучително и една постара жена која се удави, соопшти турската служба за вонредни ситуации.


На Самос, двајца тинејџери загинаа откако се урнал ѕид врз нив, а дваесетина лица биле повредени. Двајца од повредените, меѓу кои и 14-годишно момче, се пренесени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштија локалните власти.
Епицентарот на земјотресот, кој според Институтот Кандили бил 6,9 степени, бил во Егејското Море северно од Самос, ги погодил Турција и Грција во 14:51 часот по локално време.
Во Турција, се тресеше регионот од Егејско Море до Мраморното Море, а градоначалникот на Истанбул рече дека, иако го поч

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.