Музичари од Битола кои се враќале од Австралија се дел од околу 200-те патниците кои вчера допатуваа во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, откако не им беше дозволен влз во Србија од Унгарија.
Иако властите најавија дека сите лица ќе бидат сместени во групен карантин во касарната во Пепелиште и за тоа се обезбедени услови, деветте музичари тврдат дека само тие се наоѓаат на касарната.
Членовите на оркестарот синоќа преку социјалните мрежи објавија видео во кое ги споделуваат нивните искуства за тоа во какви услови се сместени истакнувајќи дека се сместени во студени простории, креветите и перниците не се чисти, а низ просторијата шетаат црви и други инсекти.