Во кампањата да ни објаснат-ќе учат ли македонските ученици само она што го сака Грција

Кампањата е во полн ек а на граѓаните никој точно не им објаснува што содржи тој договор.Тие што се осмелија да прашаат дури ќе беа за малку натепани.Во нашата редакција пристигнуваат прашања од луѓето кои се доста логични и конкретни , но никој од власта не ѓи одговара.
Што ќе прават нашите научници ?

Вреди ли воопшто нешто да се истражува ?
Ќе ни ги избришат етничките карти така што учениците веќе нема да знаат каде се живеат Македонци во соседството?
Колку време оваа комсија од друга држава ќе ја одлучува нашата историја?

Индикативен е и делот кој повеќе е коментиран од јавноста а е во врска со цензурата која ќе ни ја наметне Грција со овој договор Двете држави се обврзуваат дека ќе преземаат делотворни мерки за да спречат дејствија од страна на приватни ентитети кои многу веројатно ќе потикнат шовинизам,непријателство и ирендитизам.
Дали тоа значи дека македонските граѓани ќе може да бидат казнувани и за приватни разговори ,колумни коментари објавени во приватните медиуми?
Ова е само  дел од прашањата кои никој не се замара да им ги објасни на граѓаните и цело време се повторува Европска Македонија .Државната Изборна Комисија се огради и јасно кажа дека прашањето е за Промена на Името а не за членство во Европската Унија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.