Во Кенија 17 загинати на изборите

Седумнаесет луѓе се убиени во два напада врз полицијата во крајбрежниот дел на Кенија во понеделникот, на денот кога во оваа најбогата и порано најстабилна земја на истокот од Африка се гласа на претседателските, парламентарните и регионалните избори, соопшти локалната полиција.

 Станува збор за два напада на банди вооружени со мачети врз полицијата во предградие на Момбаса, вториот по големина град во Кенија. Во нападите убиени се двајца полицајци, шест напаѓачи и двајца цивили.
Локалните функционери сметаат дека барем зад еден од нападите стојат припадници на сепаратистичкото движење Републикански совет на Момбаса, коешто се залага за независност на источна Кенија. Тие се заканија дека ќе го попречуваат гласањето, доколку не се исполнат нивните барања.
Кенија, најбогата и до минатите избори во 2007 година најстабилната земја во немирната источна Африка во понеделник го избира претседателот на државата, пратеници во двата дома на парламентот, покраински совети и гувернери, а неколку часови пред отворањето на избирачките места убиени се четири полицајци што предизвикува стравувања дека изборите повторно може да минат во насилство.
Кениските функционери и кандидати последните денови повикуваа на избегнување на насилството коешто ги одбележа предвремените избори во 2007 година со дури 1.200 загинати и го уништи имиџот на Кенија како една од најстабилните африкански демократии.
Меѓу осумте претседателски кандидати изедначени се во анкетите 68-годишниот Раила Одинга, и неговиот главен противник 51-годишниот Ухуру Кенијата, кој во април годинава пред Меѓународниот кривичен суд (ICC) мора да одговара по обвиненијата дека го поттикнувал насилството по минатите избори.
Освен претседател ќе се избираат и пратеници во долниот дом од парламентот со 350 мандати и во сенатот кој има 68 места. Ќе биде гласано и за посебна женска група на пратенички. Паралелно де одржуваат и покраинските избори, а право на глас во Кенија и имаат 14,3 милиони избирачи.
Макфакс
Седумнаесет луѓе се убиени во два напада врз полицијата во крајбрежниот дел на Кенија во понед

Пронајдете не на следниве мрежи: