Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца, стабилна состојбата по стартот на второто училишно полугодие

Од почетокот на второто полугодие од учебната година нема зголемување на бројот на прегледи и хоспитализации во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, информиарат од болницата каде моментно се хоспитализирани околу 40 деца со бронхопневмонија.

-Состојбата е мирна и стабилна. Иако е само првата седмица од второто полугодие. До петок идната седмица ќе видиме дали почетокот на вториот дел од учебната година ќе влијае на бројката на пациенти, коишто ќе дојдат во нашата установа, изјави директорот на болницата „Козле“ Бесник Зеќири.
Зеќири потсети дека зголемен број на пациенти, помали и повозрасни деца, имале пред Новата година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.