Се работи за повозрасно лице на 65-годишна возраст од истото село во кого е пукано од возило џип со бугарски регистарски таблички. На местото на убиството е извршен увид на возилото во кое биле испукани куршумите. Стаклата на автомобилот од задниот и страничниот дел целосно се изрешетани и искршени. Иако според првичните информации се работи за крвна одмазда, се уште нема приведено осомничени лица поврзани со убиството.