Судирите меѓу провладините кланови во пристанишниот град Кисмајо во јужниот дел на Сомалија, загинаа 11 лица, пренесе во саботата AFP.
„Видов 11 мртви“, изјавил за агенцијата локалниот старешина на градот Кисмајо, Мухамед Гаел, истакнувајќи дека повеќето од загинатите биле вклучени во борбите.
По извештаите на судирите, премиерот Абди Саид издаде писмена изјава во која ги повикуваат двата клана да престанат со меѓусебните пресметки и да го остават оружјето. Причините за судирите во Кисмајо, кој е административен центар на провинцијата Долна Џуба, не се обелоденети.
Сомалиската Република престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава федералната влада којашто ја контролира престолнината Могадишу и одредени поблиски области. Другите делови на Сомалија се под контрола на непризнаети државни ентитети или самоуправувачки региони. Во јужните и север-источните делови од Сомалија владеат локалните кланови и радикални исламски движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал-Каеда, од кои најорганизирана е групата Ал Шабааб, којашто дејствува и во соседната Кенија којашто по повик на меѓународната заедница заедно со уште некои други африкански земји испрати свои војници за справување со бунтовничките групи.
МакфаксСудирите меѓу провладините кланови во пристанишниот град Кисмајо во јужниот дел на Сомалија, загинаа 11 лица, пренесе