Анастасија Сидорова позната и како руската Златокоса имала големи проблеми со алопецијата и никако не успевала да ја израсне својата коса.
Денес таа им дели совети на сите оние кои сакаат да успеат во намерата да имаат долга и здрава коса, а на нејзиниот Инстаграм профил постојано споделува инспиративни фотографии.
Кога имала 18 години, нејзината коса почнала да опаѓа. Откако ѝ била дијагностицирана анрогена алопеција, започнала нејзината борба. Резултатите кои Анастасија ги постигнала се неверојатни, а по 5 години таа има прекрасна, долга коса, договор со многу козметички компании и над 500 илјади следбеници на Инстаграм.
Вели дека болеста ѝ помогнала да се одлучи со што ќе се занимава. Сидорова денес е козметички технолог и им помага на сите оние кои сакаат да имаат долга коса.
Анастасија ги советува сите девојки да се трудат да јадат здрава храна, да го елиминираат стресот, да најдат производи кои се наменети за нивниот тип на коса, да користат маска за коса барем два пати неделно и во негата да внесат и различни масла, од кои како најдобро го издвојува маслото од авокадо.