Во нападот на Бостонскиот маратон повредени вкупно 264 лица

 Во двојниот бомбашки напад од 15-ти април на целната рамнина на Бостонскиот маратон покрај трите убиени лица вкупно се повредени 264 луѓе на коишто во следните денови по нападот медицинска помош им била пружена во вкупно 26 болници, соопшти во вторникот канцеларијата за јавно здравство на Бостон, пренесува Reuters.Градските власти во текот на изминатата седмица неколкупати го менуваа извештајот со бројката повредени, бидејќи утврдуваа нови случаи поврзани со детонирањето во интервал од 12 секунди на двете импровизирани експлозивни направи поставени во канти за отпадоци.Последната бројка е поголема од претходните процени кои се движеа меѓу 176 и 183 повредени, бидејќи во новата од процена се вклучени и пациентите кои веројатни е барале медицинска помош на самото место на нападот туку подоцна се пријавувале во болниците, изјави Ник Мартин, портпаролот на канцеларијата за јавно здравство на бостонската администрација. „Имаше луѓе коишто, како мислам, се чувствувале полесно повредени, меѓутоа подоцна сфатиле дека симптомите не минуваат“, рекол Мартин.На десетина од повредените им се ампутирани екстремитетите поради тешките повреди од лагерите и шајките со кои биле исполнети импровизираните експлозивни направи за чие поставување се сомничат браќата 26-годишниот Тамерлан, починат по престрелка со полицијата пет дена по нападот, и 19-годинишниот Џохар Царнаев, тешко повреден при апсењето во саботата во бостонското предградие Вотертаун. Околу 57 лица сé уште се во болницата, од кои две се во критична состојба, објави во вторникот CNN повикувајќи се на болнички извори.
Maкфакс Во двојниот бомбашки напад од 15-ти април на целната рамнина на Бостонскиот маратон покрај трите уб

Пронајдете не на следниве мрежи: