Во октомври во Македонија се издадени 446 градежни дозволи, што е за 22,9% повеќе во однос на истиот период минатата година

Во октомври 2025 година се издадени 446 градежни дозволи, што е за 22,9 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените градежни дозволи, проценетата вредност на објектите изнесува 10.596.843 илјади денари, што е за 25,1 процент повеќе во споредба со истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот што во текот на референтниот период е издадена дозвола за изградба на државен пат А2, оска Букојчан-Керчово, фаза еден, во рамките на оската Цервице-Керчово во должина од 6,527 км, која има вредност од 44 милиони евра.

Од вкупниот број издадени градежни дозволи, 289 (64,8%) се наменети за високи згради, 68 (15,2%) за ниски згради и 89 (20,0%) за згради за реконструкција.

Од вкупно 446 објекти, кај 247 (55,4%) инвеститори се физички лица, додека кај 199 (44,6%) од објектите инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е планирана изградба на 1.177 станови, со вкупна површина од 101.286 м2.
The post Во октомври во Македонија се издадени 446 градежни дозволи, што е за 22,9% повеќе во однос на истиот период минатата година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: