Поради зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли и рестораните. Одложена е и дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг. Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени.
Кинеските власти соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со корона вирусот, од кои 515 се во Пекинг.
Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби.
Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно. Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг.
Луѓето кои биле на пазарот во југоисточен Пекинг, каде беше откриен случај на корона вирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.