Како што соопштија локалните власти најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 1.000 луѓе ги напуштија своите домови, откако обилни дождови предизвикаа поплави и свлечишта долж брегот на југоисточна Африка. Поплавите најтешко го погодија подрачјето во околината на пристанишниот град Дурбан во Јужноафриканската Република.
Срушени се голем број станбени објекти, а спасувачите ги пребаруваат рушевините, јави “Ројтерс“. За во четврток за кога е најавен налетот на тропскиот циклон Кенет, на брегот на соседен Мозамбик властите во Танзанија наредија евакуација на жителите од ниските подрачја и затворање на училиштата и канцелариите.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.