Се дознава дека сега загинатиот Ајети, десетина дена пред убиството, за време на референдумската кампања, ги искористил своите контакти со еден висок функционер на УБК, со кого се знаеле од настани и активности на партијата за која отворено агитирале. Ајети на функционерот од УБК му ветил парична награда доколку издејствува апсење на ривалската криминална група со која тој во подолг период имал нарушени
Ајети споменал дека во Одделението за НТШ има лице кое му е многу блиско и му дава информации кое се однесуваат за него и евентуалните истраги против него. Функционерот од УБК прифатил да му излезе во пресрет и преку свој поставен човек во Одделението за НТШ во Скопје пренел оперативни податоци за лицата конкуренти на Наим Ајети, да бидат следени и уапсени поради тоа што во возилата носат голема количина на дрога за продажба. За кратко после ова, на 20.09 во периодот од 16 до 20 часот, граѓаните на Скопје беа сведоци на спектакуларно затворање на паркинг просторот во Скопје Сити Мол заради голема акција за заплена на дрога и оружје од возила на паркингот.
Токлу при таа акција апсените дознале дека нарачката е дојдена од покојниот Ајети. И најверојатно како вратка дошло до негова ликвидација на Рузвелтова. Но, истрагата сеуште не соопштува разрешување на случајот. Дали во него за замешани полициски функционери блиски на Оливер? Се зборува дека едниот од нив отворено на социјалната мрежа Фејсбук секојдневно агитира за сопствената партија, а во која има близок семеен член назначен за висок партиски функционер.