Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска, Сабота во општина Прилеп има 6 случаи на заболени од коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест.
Севкупно последната недела во Прилеп има нови 32 заразени лица од коронавирус.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 55. Од нив, 44 лица се наоѓаат на домашно, а 11 на болничко лекување.
Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 390.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.