Во руските напади загинаа најмалку 16 лица, а 97 се повредени, тврди украинскиот главен обвинител

Украинскиот јавен обвинител изјави дека во денешниот бран руски напади загинале најмалку 16 лица, а речиси стотина биле повредени.

Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал со нож и тепал роднини и соседи
22-годишен жител на скопската населба Гази Баба вчераутро предизвикал вистинска драма – ѝ се заканувал со нож на неговата две години помлада братучетка, по …
Сиљановска се прекрши во ОН: „Мојата држава, Република Северна Македонија“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пркосно одби да го изговори новото име на државата при поднесувањето на заклетвата во Собранието, но од говорницата на Обединетите нации …

„Утрово непријателот истрела над 150 проектили и нападни беспилотни летала врз мирните украински градови. Потврдено е за 16 загинати и 97 ранети, меѓу кои најмалку две деца на возраст од шест и осум години“, објави на социјалните мрежи главниот обвинител Андриј Костин.

Русија истрела рекорден број проектили за еден ден над Украина, изјави портпаролот на украинските ВВС.

„Ова е најмасовниот ракетен напад воопшто“, изјави Јуриј Игнат додавајќи дека овој биланс ги исклучува првите денови од војната започната во февруари минатата година во која беа забележани „постојани и непрекинати“ напади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.