На 5-ти октомври (сабота) со почеток од 18 часот, во Градскиот парк во Крушево ќе се одржи традиционалниот концерт посветен на Тоше Проески, со кој ќе се одбележат 17 години од неговиот последен концерт, кој се одржа на Градскиот стадион во Скопје.
Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Ламбе Алабаковски, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, „Инвиктус бенд“, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.
Настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ се одржува од 2008 година, и во неговиот склоп има концерти, крводарителски акции како и собир на фановите на Тоше.
Лани на настанот дојдоа бројни обожаватели на Проески од цела Македонија, а гостуваше и Бојан Маровиќ, кој беше музички гостин на последниот концерт на Тоше.
Настапија и Фрајле, Димитар Андоновски, Александра Јанева и други.