Владата на Словенија донесе одлука за забрана за движење меѓу општините во регионот на западот од земјата и по Божик.
Претходната дозвола за движење во тој дел на Словенија беше во сила поради привременото одобрување за работа на некои продавници и услужни активности, но таа ќе се укине од денеска до 4 јануари.
Словенечката Влада претходно објави дека движењето низ Словенија ќе биде дозволено од денеска напладне до 20 часот на 25 декември, на Божик, јави СТА.
Доколку епидемиолошката состојба не се влоши, слични мерки ќе важат за Нова година, но полицискиот час од 21.00 до 6.00 часот сигурно ќе остане на сила.