Вчера околу 12:35 часот на улица “Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило “Фолксваген Туарег“, управувано од С.Р.(31) од Скопје, удрило во две деветгодишни деца. По несреќата децата биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Кај едното дете биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.