Во сообраќајка кај наплатната рампа Градско загина мотоциклист 

При директен судир со комбе што се случи вчера попладне околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, по наплатната рампа кај Градско загина мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје. Според информацијата од СВР Велес, моторциклистот веднаш им подлегнал на повредите, а екипа на СВР Велес и Јавен обвинител на местото на настанот ги утрвдувале причините за тешката сообраќајна несреќа.
д-р Слободанка Ристевска од службата за Итна помош во Велес за МИА потврди дека со екипата веднаш по повикот отишле на местото на настанот, но кога пристигнале мотоциклистот бил веќе починат и тие само ја потврдиле неговата смрт. Во комбето немало повредени, информира Ристовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.