Во сообраќајка на патот Штип – Радовиш двајца тешко повредени

Во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај винарската визба ИМАКО тешко се повредени двајца возачи од Виница и Штип.
Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камион „ТАМ” и комби при што дошло до судир меѓу двете возила. За причините, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.
Повредени се двајцата возачи во двете возила кои пренесувал едниот сено, а вториот безалкохолни пијалаци и се хоспитализирани во штипската клиничка болница.
Штипските пожарникари веднаш реагирале и излегле на терен, вели Тони Атанасов, командир на штипската противпожарна единица. И двајцата возачи се извлечени од возилата.
Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.
Инаку, ова е позната црна точка на патот Штип – Радовиш каде што постојано се случуваат вакви тешки сообраќајни несреќи, а голем дел од нив завршуваат и со фатални последици, односно има жртви. /МИА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.