Во Србија утрово до 8 часот се регистрирани вкупно 83 заболени пациенти од коронавирус.
Како што објавуваат српските медиуми утрово се регистрирани нови 11 позитивни случаи и 32 негативни од вкупно 47 луѓе кои биле тестирани.
Во домашна изолација се наоѓаат четворица пациенти со лесна клиничка слика, додека седум лица се задржани на болничко лекување без компликации во стабилна состојба.
До денес во Србија се тестирани вкупно 421 пациент кој ги исполнил критериумите за испитување од овој нов вирус кој хара низ светот.