Веќе шести ден поради снежни врнежи десет гранични полицајци се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово, објави ТВ “Алсат“.
Храната на полицајците им е при крај, а движењето им е оневозможено бидејќи снегот достига од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено се во прекин, а службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат, јавија извори на телевизијата.