Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Според неговите првични информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. Мотивите и извршителот се уште се непознати, но се сомнева дека семејна кавга е причината за убиството. По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило и избегал. Локалните медиуми известуват дека таксистот е повреден и е префрлен во болница.
Полицијата презема интезивни активности за пронаоѓање и приведување на сторителот на делото. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.