Во Турција од 6 февруари регистрирани повеќе од 5.700 земјотреси

По земјотресот од 5,2 степени според Рихтеровата скала што вчера беше регистриран во Централна Турција, регистрирани се и неколку помали земјотреси со јачина од 4,8, 4,6 и 4,2 степени.

Покрај тоа, повеќе од 5.700 последователни потреси беа регистрирани по првиот разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и соседна Сирија на 6 февруари, рече Јунус Сезер, директор на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.