Во Франција девојчињата кои одбиле да ја соблечат марамата биле отстранети од настава

Француските училишта вчера, на првиот час од новата учебна година испратија дома десетици девојчиња дома откако одбиле да ги соблечат муслиманските наметки (абаја).

Француската Влада минатиот месец забрани носење абаја во училиштата со образложение дека таквата облека ги крши секуларните правила. Франција поради тоа ги забрани и муслиманските марами.

Во Франција девојчињата кои одбиле да ја соблечат марамата биле отстранети од настава

– Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата во абаја во понеделникот. Повеќето се согласија да се пресоблечат, но 67 одбија и беа испратени дома, изјави францускиот министер за образование Габриел Атал.

Тој додаде дека девојчињата кои биле отстранети од настава добиле писма за нивните родители во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“.

– Ако повторно во училиште дојдат во абаја ќе се води нов дијалог, посочи Атал.

Претседателот Емануел Макрон вчера изјави дека „малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува Републиката и секуларизмот“, што доведува до „најлоши последици“ како што е убиството на Самуел Пати пред три години за покажување на настава карикатура на пророкот Мухамед, посочи Макрон.

Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата за жалби против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз нивната облека.

Закон од март 2004 година го забрани „носењето облека со која учениците ја демонстрираат верската припадност“ во училиштата, вклучувајќи христијански крстови, еврејски капи и исламски шамии. Абаjите беа сива зона и не беа забранети до сега.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.