Единаесет аеродроми во Франција беа евакуирани денеска поради дојави за поставена бомба, потврди француската цивилна авијација.
На некои аеродроми е во тек евакуација на луѓе, а на некои аеродроми веќе се евакуирани патниците и персоналот. Други, пак, продолжија да работат по извршените проверки, соопштија повеќе извори.
- ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
- По нападот на Иран врз Израел: Светските лидери стравуваат од сеопфатна војна, Хамас го поздрави чекорот на Техеран
- ,,Ова е само дел од нашата моќ – не си играјте!”
- ВО УГЛЕДАР СЕ ВЕАТ РУСКИ ЗНАМИЊА! „Непробојната тврдина“ паѓа по 30 месеци, ПАТОТ КОН ДОНБАС отворен!
- СОБОРУВАЈТЕ ГИ ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ – Бајден издаде наредба до американската војска
- Епилог од нападот во Тел Авив: Убиени осум лица
- Израелскиот воздушен простор затворен поради иранските напади
- Портпаролот на израелската армија му се закани на Иран: Ќе има последици
- Израелците го нападнаа главниот град на Сирија; Државната телевизија: Убиена е наша водителка
Министерството за внатрешни работи соопшти за францускиот весник „Ле Парисиен“ дека „неколку аеродроми добиле закани за напад“ преку е-пошта, додавајќи дека „се применува принципот на претпазливост“ и дека аеродромите се евакуирани заради безбедносни проверки.
Дојавите за поставени бомби во Франција следат откако млад радикализиран исламист во петокот уби професор на северот на земјата. Поради зголемената опасност од нов напад, безбедносната тревога во земјава е подигната на највисоко ниво.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.