Пред неколку дена во Ровињ, Хрватска се појави мурал на Јосип Броз Тито.
Како што пишуваат хрватските медиуми, муралот го дизајнирал и насликал уличниот уметник Борис Баре, а на него е претставен Јосип Броз Тито како одмора со прекрстени нозе и кренати раце на лежалка под палми додека носи црвени гаќички за капење и очила за сонце.
Судејќи според објавата на Барето на неговиот Инстаграм профил, муралот се вика „El prezidente“, а локацијата на која Тито ужива е Националниот парк Бријуни, место кое Тито сакал да го посети.
„Ова е дело што го сликав токму во Ровињ за трговски центар, Retail. Темата е лето и уживање. Нè поканија и работевме таму последните дванаесет дена, насликавме педесетина дела на приближно 1500 квадратни метри. Не се работи за никаква политичка порака, Бријуни се релативно блиску, па тоа беше асоцијација“, вели уметникот Баре за хрватски „Јутарњи“.
Борис Баре е познат уличен уметник во Хрватска, кој во ноември минатата година заедно со неговата колешка Марија Кунштек за 11 дена обоија површина на возот од 400 квадратни метри.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.