Во Чаир фатен бегалец кој треба да лежи 13 години затвор за разбојништво и продавање дрога

Полицајци од оперативниот тим за потраги при СВР Скопје и нивни колеги од полициската станица во Драчево, доцна попладнево во 18:30 часот на улицата „Иван Хаџиниколов” во скопската населба Чаир го уапсиле Д.Ј. (43) од Скопје, соопшти МВР.

Тој бил баран со потерница поради бегство од затвор, а е осуден на 13 години и еден месец поради сторено разбојништво, тешки кражби и дилање дрога.

Како што наведуваат од полицијата, тој ќе биде предаден на издржување на затворската казна.

Пронајдете не на следниве мрежи: