Бошњачкиот национален совет ќе организира протестен марш во четврток со цел да потсетат за никогаш да не се заборави геноцидот во Сребреница.
Според програмата на организаторите маршот започнува во 18:30, од “Веро“ во Чаир до плоштадот “Македонија“, а во вториот дел од програмата е организирана културна манифестација од околу 19 часот, на самиот плоштад.
Бошњачкиот национален совет ги кани сите заинтересирани поддржувачи на мирот да се приклучат на настанот. Во овој период центарот на градот ќе биде затворен.