Во Јемен убиен лидерот на Ал Каеда

Терористичката група Ал Каеда потврди дека е убиен нејзиниот лидер на Арапскиот Полуостров, Касим ал-Рајми, соопштено е на интернет страницата „Сајт“.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД го убиле Ал Рајми во антитерористичка операција во Јемен.
САД сметаат дека Ал Каеда на Арапскиот Полуостров е еден од нејзините најопасни ограноци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.