Јорданската армија објави дека ја започнала воената вежба „Eager Lion“ во која учествуваат воздушните, копнените и поморските сили на 33 земји – меѓу кои 10 арапски и 22 од други земји, вклучувајќи ги САД, Франција и Велика Британија. .Се очекува вежбата да заврши на 22 мај, во која се вклучени антитерористички и вежби за противвоздушна одбрана, најави портпаролот на јорданската армија, полковник Мустафа ал Хијари, пренесува Телеграф.Тој нагласи дека „Eager Lion“ има за цел да помогне во борбата против „терористичките организации и да одговори на напади со беспилотни летала, хемиско и биолошко оружје, како и нуклеарно оружје и масовно уништување“.Воената вежба е „најголема“ од првото издание на Eager Lion одржано во 2011 година, а овој пат се случува во време кога во овој регион се зголемени тензиите, особено меѓу Израел и Хамас.Јордан заедно со САД, Велика Британија и Франција помогнаа во соборувањето на беспилотни летала и проектили кои беа истрелани од Иран кон Израел.
Пронајдете не на следниве мрежи: