Вработените на Гугл ќе работат од дома до следното лето

Компанијата „Гугл“ одлучи нејзините вработени да работат од дома до јули следната година, објави денеска „Вол стрит журнал“.
„Извршниот директор Сундар Пичаи лично ја донесе одлуката минатата недела по состанокот на највисоките директори на овој интернет-гигант“, пишува весникот.
„Гугл“ претходно планираше работниците да останат да работат од дома до крајот на 2020 година.
Новата одлука се однесува на сите вработени во „Гугл“, како вработените со полно работно време, така и хонорарните работници, вкупно околу 200 00.


Според „Вол стрит журнал, првиот човек на компанијата сака посебно да им помогне на работниците кои мораат да се грижат за децата, затоа што функционирањето на училиштата ширум светот е неизвесно за почетокот на учебната година на есен.
Една германска студија неодамна покажа дека работењето од дома за време на корона кризата работниците го доживуваат како позитивна промена.
„Вработените кои за време на корона кризата се префрлија на работа од дома помалку се под стрес и се попродуктивни“, се вели во студијата спроведена од Институтот Форса и ИГЕС за здравствената осигурителна компанија ДАК.
Пред појавата на пандемијата, 21 отсто од анкетираните изјавиле дека биле под стрес, додека само 15 отсто го кажале истото за време на корона кризата.
Меѓу оние кои, пак, кои редовно работат од дома, 56 проценти рекле дека се чувствуваат попродуктивно дома отколку на работа.
Други позитивни ефекти од работењето од дома е подобро приспособување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а исто толку сметаат дека особено позитивен ефект од работењето од дома кажува тоа што не мора да патуваат до работното место.
Од анкетираните 76,9 отсто се изјасниле дека ваков начин на работа сакаат да имаат и во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.