Вработените од ГОБ „8 Септември“ денеска на протест

Незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ, денеска дел од вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест.

Протестот утре ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот.

Веќе две недели поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека се работи за хакерски ренсомвер напад кој по дефиниција е врзан за давање откуп од страна на оштетената страна за враќање назад на енкриптираните податоци од хакерите.
Претходно, протест за во среда најавија здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ независно од тоа дали во понеделник ќе ја примат задоцнетата плата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.