Вработен во банка убил петмина свои колеги, а нападот го пренесувал во живо на Инстаграм

Конор Старџен (25), вработен во банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, уби петмина свои колеги, меѓу кои и близок пријател на гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар.

Американските медуими пренесуваат дека нападот го пренесувал во живо на Инстаграм.

Полицијата пристигнала на местото на злосторството додека се уште се слушале истрели во зградата на банката и во размената на оган го елиминирала напаѓачот.

Во престрелката се ранети девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, кои се пренесени во болница.

Подоцна ранета жена почина во болница, а еден од ранетите полицајци, 25-годишен маж, е во критична состојба, соопшти болницата во Луисвил.

Мотивот на напаѓачот засега не е познат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.