Во Собранието на Република Македонија во чест на празникот „Свети Климент Охридски“ денес беше врачена истоимената државната награда за 2018 година. Годинешни добитници се просветните работници Кимет Агаи и Аднан Агаи за остварување во областа на воспитанието и образованието, режисерот Владимир Милчин, балетскиот уметник Емилија Стаменковиќ (Џипунова) и писателот Томислав Османли во областа на културата и уметноста и патофизиологот, специјалист по нуклеарна медицина проф. д-р Борислав Каранфилски во областа на здравството.
Наградите им ги врачи претседателот на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, академик Влада Урошевиќ, кој рече дека наградата ја сфаќа како убава можност на дејците во културата да им се надомести барем мал дел од тоа што навистина го заслужиле.
– Културата е се помалку присутна во медиумите. Време е да ја ослободиме културата од комерцијализацијата и политизацијата. Единствен наш вистински адут во барањето рамноправно место меѓу народите е културата, од воспитанието и образованието до највисоките дострели на уметноста. Доделувањето на оваа награда ја смета како убав придонес кон надминувањето на опасностите кои ја демнат македонската култура, додаде Урошевиќ.
Од името на добитниците се заблагодари проф. д-р Каранфилски, кој рече дека наградата е израз на посебно високо општествено признание за постигнатите резултати. Тој посочи дека неговите постигнати резултатит не би биле можни без долгогодишна поддршка на неговата матична институција Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, на Медицинскиот факултет во Скопје и неговите драги соработници и колеги од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина со кои изминатите години работеле посветено.
– Го оформивме Институтот и ја збогативме наставната програма со нов предмет, ја воведовме како наставна содржина и нуклеарната медицина со широка примена на радиоактивни изотопи во многу медицински области. Заедничко за сите добитници на наградата е фактот дека ова признание не задолжува сите нас да продолжиме со творење со истата енергија и посветеност секој во својата област за доброто на нашиот народ и нашата земја, додаде проф. д-р Каранфилски.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.