Британскиот готвач Оливер Марлоу го споделил своето откритие – начинот на кој прави вкусни палачинки.
Оливер Марлоу, главен готвач на ресторан во Лондон, препорачал смесата за палачинките да се направи еден ден однапред и да се остави во фрижидер преку ноќ, пишувале „Мирор“.
„Отстојувањето на смесата е најважниот чекор кон вкусните палачинки. Овој процес му овоможува на глутенот да се „одмори“. Она што се случува во текот на ноќта е дека сиот глутен кој сте го измешале во смесата за палачинки се опушта. Смесата на тој начин се зголемува и станува воздушеста“, објаснил готвачот.
Оливер навел дека ова овозможува сите грутки да исчезнат. Исто така, нема да ја мешате смесата премногу, а палачинките полесно ќе нараснат кога ќе почнете да ги печете.
Готвачот уште кажал и дека тоа што не ја оставаме смесата за палачинки да отстои, всушност е главната причина зошто првата палачинка секогаш е неуспешна и ја фрламе.