Временска прогноза до крајот на месецот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег.
Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет. На планините во западните делови ќе се формира снежна покривка.


Утринската температура ќе биде во интервал од минус четири до пет степени, а дневната од нула до десет степени.
Викендов времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Нов влажен бран со пообилни врнежи, претежно од дожд, се очекува во вторник.
Ова е временската за до крајот на месецот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.