ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот, наместа засилен ветер од јужен правец.

Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: