Да се отспијат 8 часа некогаш не е доволно. Времето кога си легнувате да спиете има важна улога во одржувањето на здрава телесна тежина или во процесот на слабеење.
Имено, со помош на апликацијата која бележи податоци за вежбање, спиење, консумирање храна и алкохол, откриено е дека оние кои си легнуваат да спијат во 23 часот во просек внесуваат 220 калории, што е повеќе од лицата кои легнуваат многу порано, покажа ново истражувње.
Според тие податоци, оние кои си легнуваат да спијат после 23 часот често консумираат брза храна и алкохол.
“Оние кои порано си легнуваат да спијат главно се хранат многу поздраво. Добиените податоци се во склад со оние од претходните истражувања според кои се покажа дека луѓето кои легнуваат после 23 часот, доцна навечер јадат храна која содржи повеќе масти и шеќери”, изјави Кристин Ашбахер, жената научник која работела на истражувањето.
“Се надеваме дека ова јасно ќе Ви покаже колку може да значи добриот и навремен сон”, додаде таа.