Врховниот суд на САД го заврши првиот ден од расправата за еднополовите бракови

 Со протести на стотици приврзаници и противници на истополовите бракови, деветте судии на Врховниот суд на САД во вторникот во Вашингтон ја завршија расправата за барањето од сојузната држава Калифорнија за забрана на легализацијата на браковите меѓу лица од ист пол, а во среда ќе биде разгледувана уставноста на дефиницијата на бракот како заедница на маж и жена.Американските уставни судии во вторникот расправаа по поднесокот од Калифорнија со кој се бара забрана на истополовите бракови кој во оваа американска сојузна држава беше изгласан во 2008 година. По расправата, судиите одлуката за уставноста на оваа претставка наречена Предлог 8 (Proposition 8 односно „Prop 8“), би требало да ја донесат до крајот на јуни.Стотици приврзаниците на законот за истополови бракови облечени во црвено протестирале пред зградата на американскиот Уставен суд носејќи транспарентни со натписи „Еднаквост за бракот“ се собраа на повик на коалицијата Respect For Marriage (Почит за бракот) којашто ја сочинуваат стотина студентски,професионални и граѓански здруженија.На десетина метри оддалеченост од нив приврзаниците на традиционалниот брак започнаа поворка „Марш за бракот“, облечени во боите на американското знаме, а многумина и со детски колички. Тие се одѕваа а повикот на конзервативните, католичките и семејните здруженија.Американските уставни судии во среда, пак, ќе расправаат за законoт попознат по акронимот DOMA (The Defense of Marriage Act – Одбрана на институцијата брак, кој во 1996 година го изгласа американскиот Конгрес, а го потпиша тогашниот американски претседател Бил Клинтон. Со законот DOMA, инаку, им се закинуваат на истополовите партнери повластувањата гарантирани на хетеросексуалните двојки, како што се правото на заеднички поврат на даноците или автоматското наследување.
Во САД, истополовите бракови досега се легализирани во девет сојузни држави, како и во Округот Колумбија. Од она што може да се прочита во американските медиуми, во американскиот Конгрес постои жестоко спротиставување за истополовите бракови.Вкупно 30 американски сојузни држави, меѓу нив и Калифорнија, донесоа уставни амандмани за забраната на истополовите бракови. Девет држави покрај Калифорнија, ја признаваат институцијата на цивилно партнерство за истополовите двојки.
Макфакс Со протести на стотици приврзаници и противници на истополовите бракови, деветте судии на Врховниот суд на

Пронајдете не на следниве мрежи: