Врховниот суд на Хрватска ја соопшти одлуката за случајот за старателството на синот на пејачката Северина Вучковиќ и претприемачот Милан Поповиќ .
Со оваа одлука на Врховниот суд на Република Хрватска сега е поништена пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, кој одлучи момчето чии родители имаат заедничко старателство да живее со мајка му.
- Интересни божиќни традиции за кои не сте слушнале: Пиво, возење со ролери до црква и „сељак кој клечи“Покрај познатите традиции како Дедо Мраз, украсувањето на елката, пеењето- прочитај повеќе
- Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура” и да не го потпише указот за двојазични лиценциМорам да напоменам дека обраќањето не беше инспиративно, беше ординерно- прочитај повеќе
- Том Круз ја откри причината поради која секоја година на своите пријатели им подарува посебна божиќна тортаСекоја година, за време на божиќните празници, познатиот актер Том- прочитај повеќе
- Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна лотарија“Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите поголеми отколку што- прочитај повеќе
- СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се фалите со туѓи меркиВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан- прочитај повеќе
Првично, момчето требало да живее со својот татко.
Врховниот суд го прифати барањето за ревизија поднесено од Милан Поповиќ. Тој истакна дека Жупанискиот суд во Сплит не ги испитал усно сведоците иако тој тоа конкретно го побарал, пишува N1.
Оттука, според одлуката на Врховниот суд, дошло до значителна повреда на одредбите од парничната постапка.
Според советот на Врховниот суд, пропустот е направен токму поради тоа што сведоците не биле поканети на рочиштето во Жупанискиот суд во Сплит и покрај барањето на една од странките .
– Мора да се заклучи дека штом една од странките побарала усно да се сослушаат сведоците на рочиштето и ги прецизирала околностите под кои се предлага расправата, без разлика што претходно изјавила дека нема забелешки на сведоците и мислење е сторена битна повреда на одредбите на парничната постапка. Затоа второстепената пресуда е укината и предметот е вратен на повторно судење во Жупанискиот суд во Сплит – се наведува во одлуката, пренесува „Индекс.хр“.
Инаку, оваа одлука е донесена во јули минатата година, но од Врховниот суд велат дека нема капацитет да ги анонимизира сите свои пресуди и редовно да ги објавува.
Пронајдете не на следниве мрежи: