Вториот бран зема голем замав во Грција, рекордна бројка на новозаразени
Денеска во Грција беа забележани се 453 нови случаи со корона вирус, што е најголема бројка во еден ден од почетокот на пандемијата. Најмногу заболени се лоцирани во новото жариште во мигрантскиот камп на островот Лезбос – 184, а 174 новозаразени се од Атина и околината.
Вкупниот број заразени со корона вирус во Грција во моментот изнесува 15.595, додека од последиците од Ковид-19 досега починаа 344 пациенти. Околу 10.000 се веќе излекувани.
Пронајдете не на следниве мрежи: