Вторник е „денот Д“ за Србија и до тогаш мора да се изјасниме дали го прифаќаме она што ни го понуди Брисел, изјави премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.„Ештон ни рече дека нема веќе преговори. Притисоците беа невидени. Во еден момент, еден високопозициониран политичар од западот ми рече ’Вие сте сами, немате избор’“, изјави Дачиќ за весникот „Ало“.Според него, меѓународната заедница е на страната на Приштина, а Србија е оставена да се бори сама.„Во овој момент не можам да ви кажам каков ќе биде нашиот одговор, бидејќи државниот врв повторно ќе се консултира во врска со ова прашање“ рече Дачиќ.Српскиот вицепремиер, Александар Вучиќ изјави дека Србија е во драматично тешка ситуација, бидејќи е принудена да бира меѓу две тешки работи, да го прифати лошиот план за Србите на северот на Косово или да одбие да го потпише договорот со Приштина.До вторник Србија мора да го испрати одговорот до Брисел и да каже дали може или не да прифати одредени работи.„Планот којшто ни е понуден е многу лош за нашиот народ, а истовремено непостигнувањето на договор со Приштина е доста лошо за нашата земја, бидејќи непостигнувањето на договор практично ќе значи затворени врати за Србија во светот и помалку пари“, вели Вучиќ, кој беше гостин на Дневникот на РТС:Тој порача дека мора Србија да се обиде да добие датум и да најде заеднички јазик со западните сили.„Тоа е цела приказна и нема тука големи тајни. Србија се наоѓа меѓу чеканот и наковалната и пред невозможна мисија, но е доста важно одлуката која ќе биде донесена, ако е можно, да биде донесена со единствен став на политичките актери во земјата. Што и да направиме секој од нас ќе носи тежок товар“, вели Вучиќ.Осмата рунда преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел завчера заврши без договор меѓу двете страни. Но, високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека нема веќе да посредува меѓу двете страни и им порача на делегациите да се вратат во своите земји и да донесат одлука.
МакфаксВторник е „денот Д“ за Србија и до тогаш мора да се изјасниме дали го прифаќаме она што ни го понуди Брисе